ЗАНИМЛИВОСТИ

Ted – нова серија од наградуваниот Сет Мекфарлан, пристигнува на SkyShowtime од 22 февруари

Претходникот на хит филмската франшиза во седум епизоди ќе биде достапен за стримување ексклузивно на SkyShowtime од 22 февруари

Денеска, SkyShowtime потврди дека Ted ќе биде достапен за стримување на сите пазари од 22 февруари. Епизодите 1-4 ќе бидат достапни за стриминг ексклузивно на SkyShowtime од 22 февруари, а останатите епизоди ќе пристигнат на стриминг платформата од 11 април.

Дејството во оваа комична серија на настани, како претходник на филмовите Ted, се случува во 1993 година и мечето Тед (Сет Мекфарлан) сѐ уште не е славно. Сега живее дома во Фрамингем, Масачусетс, со најдобриот другар, 16-годишниот Џон Бенет (Макс Беркхолдер) и неговите родители Мети и Сузан (Скот Грајмс и Алана Јубак) и братучетката Блер (Џорџија Вигем). Тед има лошо влијание врз Џон, но сепак на крајот, тој е верен другар кој е секогаш подготвен да направи чекор плус во име на пријателството.

Порака од Сет Мекфарлан (извршен продуцент/автор/режисер), Пол Кориган и Бред Волш (извршни продуценти/автори):

Секоја генерација развива свој уникатен уметнички стил, свој сопствен начин на гледање на светот. Во `20-тите, тоа беше субверзивното музичко сфаќање на џезот. Во `50-тите, тоа беше храбрата четка на апстрактниот експресионизам. Уникатната уметност на нашата генерација е стримувањето содржини врз основа на претходно успешната интелектуална сопственост. Во име на таа горда традиција, скромно ви го нудиме Ted.

Нашата серија е претходник на филмовите Ted. Дејството се случува во `90-тите, но е засновано на безвременската вистина дека не е пријатно да имаш 16 години. Единственото нешто што ти го олеснува животот е да имаш другар, дури и ако тој другар е некогашно магично мече со погана уста и склоност кон употреба на дрога.

Ние тројцата бевме тинејџери во `90-тите и пораснавме во или во околината на Бостон, каде што се случува дејството, така што многу од овие приказни ни се блиски. Успеавме да ги ставиме ликовите во некои од истите недостоинствени и значајни ситуации што сме ги доживеале сами. И измислувавме работи (имавме многу простор, а вистинскиот живот е главно здодевен).

Услугата SkyShowtime им е достапна директно на корисниците преку апликацијата SkyShowtime на Apple iOS, tvOS, уредите на Android, Android TV, Google Chromecast, LG TV, Samsung и преку веб-страницата: www.skyshowtime.com.
​ Месечната цена на SkyShowtime е 5,99 евра (без реклами).

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close