ЗАНИМЛИВОСТИ

Психолозите осум часа им ги одзеле телефоните на децата, резултатите биле изненадувачки

Детскиот психолог од Санкт Петербург, Екатерина Мурашова и нејзините колеги спровеле интересен експеримент со деца и мобилни телефони. Таа побарала од 68 тинејџери на возраст од 12 до 18 години да се откажат од сите електронски уреди, односно осум часа да ги исклучат мобилните телефони, компјутерите, телевизорите и таблетите и за тоа време да не комуницираат со никого.

Она што им било дозволено да го прават во тие осум часа е пишување, цртање, читање, пеење, одење и вклучување во слични активности. Авторот на експериментот сакал да докаже дека современите тинејџери не можат да се преокупираат со такви работи и дека се целосно несвесни за нивната состојба.

Според правилата на експериментот, на децата им било советувано да го прекинат експериментот доколку почувствуваат прекумерна вознемиреност, непријатност или напнатост и да го евидентираат времето и причината за прекин.

Резултатите биле крајно изненадувачки, а треба да се земе предвид дека експериментот бил спроведен пред десет години, кога технологијата беше многу помалку распространета отколку денес.

Од 68 испитаници, само тројца го завршиле експериментот – едно девојче и две момчиња. Тинејџерката осум часа ги запишувала своите чувства во дневник.

Едно од момчињата правело макета на едрилица, со пауза за ручек и шетање на кучето. Другиот прво ги сортирал и систематизирал своите колекции, а потоа се занимавал со пресадување цвеќиња. Ниту еден од нив немал негативни емоции за време на експериментот и не забележал појава на „чудни“ мисли.

Тројца учесници во експериментот изјавиле дека имале „самоубиствени мисли“, а пет доживеале напади на паника. Кај 27 тинејџери евидентирани биле симптоми како гадење, потење, вртоглавица, топли бранови или стомачни болки. Речиси секој од нив пријавил чувство на страв и вознемиреност.

Заинтересираноста и возбудата за новосоздадената ситуација и соочувањето со себе стивнала кај речиси сите учесници на почетокот на вториот или третиот час. Десетте тинејџери кои го прекинале експериментот се чувствувале вознемирени по три или повеќе часа осаменост.

За време на експериментот, тинејџерите јаделе, читале, пишувале, ределе лего коцки, цртале, оделе во музеј, си играле со куче или мачка или пуштале музика. Додека после експериментот, речиси сите во одреден момент се обидувале да заспијат, но никој не успеал, поради мислите кои им се вртеле низ глава.

По завршувањето на експериментот, 14 тинејџери веднаш пристапиле до социјалните мрежи, 20 контактирале со своите пријатели, тројца со родителите, а петмина отишле да ги посетат своите пријатели. Другите ги вклучиле телевизорите или почнале да играат игри. Покрај тоа, речиси сите веднаш вклучиле музика или ставиле слушалки на ушите.

Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по завршувањето на експериментот. Интересно е што 63 тинејџери го препознале експериментот како корисен и интересен за самоспознавање. Шест учесници сами го повториле експериментот и тврдат дека успеале по неколку обиди.

Кога тинејџерите анализирале што им се случило за време на експериментот, 51 лице користеле изрази како „зависност“, „доза“, „повлекување“, „излезе дека не можат да живеат без…“

Сите рекле дека биле страшно изненадени од мислите кои им се случиле за време на експериментот, но не можеле да се справат со нив поради влошување на општата состојба.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close