ЗАНИМЛИВОСТИ

Пронајдена најголемата змија на светот

Во амазонската прашума е откриена најголемата змија на светот, долга е седум метри и тешка 200 килограми. Таканаречената северна зелена анаконда ја пронашол холандскиот биолог и водител на природната емисија Фрик Вонк, пишува Daily Mail.

Досега во Амазон е препознаен само еден вид зелена анаконда, наречена и џиновска анаконда.

северна зелена анаконда

Сепак, северната зелена анаконда е потврдена како посебен вид во новата студија, објавена во списанието Diversity овој месец.

„Со 14 научници од девет земји, откривме дека најголемите змии припаѓаат на различни видови. Иако изгледаат речиси идентично, генетските разлики меѓу нив се 5,5 отсто, што е огромно. За споредба, луѓето и шимпанзата генетски се разликуваат само за два отсто“, вели професорот Фрик Вонк.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close