Светилникот Рубјерг Кнуд во Данска е преместен по 120 години од песочна дина на брегот на северот на земјата со помош на платформа на тркала, бидејќи ерозијата на почвата се заканувала да го собори во морето.
Светилникот тежок 720 тони бил спасен со тоа што бил подигнат на шини со платформа и се оддалечил на 70 метри од морето.
Операцијата, која траеше неколку часа, беше планирана за 10 недели, а беше спроведена со поставување на греди во основата на светилникот, кои потоа беа подигнати на шини и се оддалечија од морето.
Земјиштето околу светилникот ќе се наполни со цемент.
Инженерите кои работеа на проектот претпоставуваа дека зградата ќе тежи до 1.000 тони, но се покажа дека е полесна и затоа била полесна за движење.
Рубјерг Кнуд е популарна туристичка дестинација која привлекува околу 250.000 луѓе годишно. Северното море веќе ја „проголта“ карпата на која стоеше светилникот, па зградата остана на само неколку метри од работ и се проценуваше дека за неколку години и таа ќе заврши во морето.
Во времето кога бил изграден светилникот, тој стоел на 200 метри од морето, но ерозијата го намалувала тоа растојание за два метри годишно.