ЗАНИМЛИВОСТИ

Ова се најбројните презимиња во Европа – еве кое е најзастапено во Македонија

Ако Американците со презиме Смит би формирале своја држава, тоа би била 35-та најнаселена американска држава. Смит е многу често презиме во другите земји од англиско говорно подрачје, но секоја земја во светот има „најпопуларно“ презиме.

Европа

Ова се најбројните презимиња во Европа:

Андора
Гарсија – од ова најпопуларно презиме, евидентно е дека оваа земја, сместена меѓу Франција и Шпанија, на јазикот повеќе се приклонува кон Шпанија.

Австрија
Грубер – ова презиме е изведено од германскиот збор Groube, што значи дупка. Се однесува на лице кое живее во рамнините.

Албанија
Хоџа – дериват на персискиот збор што значи господар. Тој што се викаше Енвер беше тоа своевремено.

Белорусија, Бугарија
Иванов – Синот на Иван, дополнителни објаснувања сметаме дека не се потребни.

Белгија
Питерс – од зборот Петрус, што значи камен или карпа.

Босна и Херцеговина
Хоџиќ – презимето доаѓа од зборот хоза, што значи „син на господарот“.

Кипар
Георгиу – презимето е изведено од зборот за земјоделец или село.

Црна Гора
Поповиќ – дериват на српскиот збор поп, буквално значи „син на свештеник“.

Чешка, Словенија, Полска
Новак – доаѓа од словенскиот збор за дојденец (што е прилично збунувачки), а во Полска се пишува „Nowak“.

Данска
Јенсен – кратенка од „син на Јоханес“, а Јоханис значи „Јахве ме благослови со син“, т.е. „благословено дете“.

Естонија
Тамм – во превод значи „даб“.

Финска
Корхонен – дериват на зборот корхо, што во буквален превод значи глув човек, но може да се преведе и како некој што е несфатлив или глупав.

Франција
Мартин – слично на презимето Мартинез, тоа е дериват на името Марс, римскиот бог на војната.

Германија, Швајцарија
Милер, Müller – значи мелничар, кој меле жито.

Грција
Пападопулос – комбинација од зборовите papas (свештеник) и poulus (син).

Унгарија
Наѓ – преведено како „голема“, значи голема или моќна личност.

Исланд
Jónsdóttir – значи ќерка на Јон.

Ирска
Марфи – доаѓа од галското име O Murchadha, што значи „потомок на Murchad“, т.е. морски воин.

Италија
Роси – преведено како личност со црвена коса и румено лице (неочекувано за Италијанците, кои обично ги замислуваме како темни и црнокоси).

Ерменија
Грегоријан – презимето доаѓа од грчкиот збор Грегориос, што значи „буден, внимателен“.

Латвија
Bērziņš – буквално преведено би значело „оној што живее меѓу брезите“.

Лихтенштајн
Büchel – изведен од германскиот збор што значи рид, ова презиме може да се преведе како „оној што живее на ридот“.

Литванија
Казлаускас – слично на полското презиме Козловски, значи личност од Козлов.

Луксембург
Шмит – слично презиме како германскиот Шмит и англискиот Смит.

Македонија
Стојановски – етимологијата на ова презиме не е разјаснета, но на македонските зборови често се додавала наставката -ски (Стојанов син).

Малта
Борг – значи тврдина. Па кога ќе го имаш тоа презиме ќе те викаат: „еј, Тврѓаво“!

Молдавија
Русу – преведено како личност која потекнува од Русија.

Монако
Роси – иако Роси во моментов е најчестото презиме со 89 жители, тие имаат голема конкуренција од луѓето со презимето Лоренцо, од кои моментално има 67.

Холандија
Де Јонг – во превод значи „млад“.

Норвешка
Хансен – старонордиски збор што означувал луѓе кои создавале песни. Се толкува и како форма на името Ханс, т.е. Јоханис.

Португалија
Силва – слично на популарното презиме во Бразил, значи лице кое потекнува од грмушки или густини.

Романија
Попа – дериват на романскиот збор за свештеник.

Сан Марино
Гасперони – ова презиме доаѓа од латинскиот збор gasparus, што значи „оној што го чува богатството“.

Србија
Јовановиќ – во превод „син на Јован“.

Словачка
Варга – доаѓа од унгарскиот збор за столар.

Шпанија
Гарсија – речиси 1,5 милиони Шпанци се со презиме од баскискиот збор за мечка.

Шведска
Андерсон – син на Андерс, а Андерс доаѓа од грчкиот збор andreios, што значи „мажествен“.

Турција
Јилмаз – „непопустлив, нефлексибилен“.

Украина
Мелник – руска верзија на презимето Милер, „оној што меле жито“.

Обединетото Кралство
Смит – се однесува на лице кое работи со метал.

Ватикан
Бахман – дури четири лица во Ватикан го имаат тоа презиме, пренесува Punkufer.

Напишете коментар

Back to top button
close