Turlitava.com

Ова е најсончевиот град во Европа: Има повеќе од 3000 сончеви часови годишно и идеална клима

Малага, град на југот на Шпанија, е прогласен за најсончев во Европа. Користејќи ги податоците од 2009 до 2024 година од World Weather Online, онлајн пребарувачот Holidu ги рангираше најсончевите дестинации во Европа.

Шпанскиот град Малага го зазеде првото место. Имено, Малага има просечно 280,2 сончеви часови месечно, што значи повеќе од 3.000 сончеви часови годишно.

Просечната годишна температура во овој град е 18,7 степени Целзиусови. Врнежите се многу ретки – врне само 50 дена во годината.

Малага ја има една од најтоплите зими во Европа. Од декември до февруари, просечните дневни температури се движат меѓу 16 и 17 Целзиусови степени. А поради близината на Средоземното Море, температурите се поблаги во текот на летото.

Постојат многу начини да уживате во сонцето во Малага. Туристите најчесто ги посетуваат долгите песочни плажи или пешачат на места како Ла Гран Сенда де Малага.

Интересно е што уште два шпански града се на врвот на листата на најсончеви градови. Тоа е Аликанте, пристанишен град на неколку часа возење северно долж брегот, кој има 280 сончеви часови месечно.

Шпанскиот град Мурсија е трет на листата на најсончеви градови во Европа. Овој крајбрежен град јужно од Аликанте има 277,7 сончеви часови месечно.

На листата на најсончеви градови во Европа, во топ 10 се и Катанија во Италија и Севиља и Кордоба во Шпанија, како и Марсеј во Франција, Мадрид и Сарагоса во Шпанија и Атина во Грција, пренесува Travel and Leisure.

Exit mobile version