ЗАНИМЛИВОСТИ

Ослободете се од негативните мисли – овие 3 чекори ќе ви помогнат во тоа

Сите постојано велат дека треба да бидеме позитивни и да сакаме убави работи, но како да го направиме тоа? Како да бидеме позитивни кога сме во проблем, кога сè не оди добро? Ослободете се од негативните мисли со овие 3 чекори!

Негативноста е природна реакција на нашиот мозок, па затоа мора да практикуваме позитивност. Три начини да бидете секогаш позитивни, без разлика во каква ситуација се наоѓате:

1. Одделете факт од фикција

Првиот чекор е да го прекинете внатрешниот негативен дијалог со себе. Нашиот мозок бара закани и има тенденција да ги преувеличува настаните. Обидете се да ги спречите негативните мисли кои се множат во вашата глава, бидејќи повеќето од нив се неоправдан страв, поточно тие се само мисли, а не факти. Запишете ги на хартија и обидете се да ги погледнете рационално.

Кога ќе го видите напишаното, сигурно ќе сфатите дека тоа не одговара на реалноста. Ако овие мрачни мисли сè уште звучат како факт, дури и на хартија, побарајте независно мислење до некој кому му верувате. Ќе видите дека многу од вашите негативни мисли се целосно неоправдани.

2. Заменете ја негативноста со позитивност

Кога ќе излезете од маѓепсаниот круг на негативни мисли, помогнете му на вашиот мозок да научи да размислува позитивно. Тоа нема да се случи само по себе, треба да вежбате. Ќе речете дека е лесно да се биде позитивен кога се е добро. И точно е, полесно е да се биде расположен кога сe е мазно, а во случаи кога сè не оди како што треба, главата е полна со негативни мисли.

Еве една вежба што можете да ја направите: Размислете за денес и запомнете една позитивна работа што ви се случила. Ако ништо не ви паѓа на памет, размислете за вчера или за некој од порано.

Фокусирајте се на доброто, успешното и инспиративното. Секогаш треба да имате во резерва позитивна меморија на која ќе можете да се фокусирате кога ќе започнат негативните мисли, пишува.

3. Научете да бидете благодарни

Секој пат кога имате негативна мисла, користете ја благодарноста како алатка за одвлекување на вниманието и размислете за нешто позитивно. Секогаш имате за што да бидете благодарни. Вежбајте благодарност така што секој ден запишувате најмалку 3 работи за кои сте благодарни. Со текот на времето, позитивниот став ќе стане ваш природен начин на живот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close