ЗАНИМЛИВОСТИ

Нови филмови и серии пристигнуваат на SkyShowtime во април!

Со илјадници часови квалитетна забава, корисниците на SkyShowtime стриминг сервисот ќе имаат можност да гледаат интересни, но и нови филмови и серии. Продолжува забавата за целото семејство, со голем избор од најочекуваните серии и филмови во светот.

За следниот месец може да се издвојат неколку интересни премиерни содржини од плејадата филмови и серии што ги нуди SkyShowtime.

Следниот месец април неколку нови серии и филмови пристигнуваат на стриминг платформата SkyShowtime, како надополнување на добро познатите наслови.

Мјузикл серијата “Grease: Rise of the Pink Ladies” стартува со првата сезона следниот месец и обожавателите на култниот “Брилијантин” ќе имаат можност повторно да запловат во разиграното секојдневие на средното училиште Рајдел Хај. Настаните во оваа серија се случуваат четири години пред оригиналниот филм и во неа ќе ја дознаете приказната за формирањето на фамозните „Pink Ladies“.

Нови продолженија на култната крими-серија “Law & Order” доаѓаат во сезона 22, со нови ѕвезди, но и со истите омилени актери. Легендарната драма наградена со „Еми“ го следи класичниот дводелен пристап и ги прикажува и полицијата која го истражува кривичното дело и окружните адвокати кои ги гонат престапниците.

LAW & ORDER — “Battle Lines” Episode 22003 — Pictured: (l-r) Mehcad Brooks as Det. Jalen Shaw, Jeffrey Donovan as Det. Frank Cosgrove — (Photo by: Ralph Bavaro/NBC)

А ако сте љубители на малку повеќе акција во вашите серии, тогаш за вас ја препорачуваме „Mayor Of Kingstown“, со Џереми Ренер и Дајан Вист во главните улоги. Гледајте го Џереми Ренер во едно поинакво издание, во улогата на Мајк Мекласки, како се бори против корупцијата и криминалот во Кингстаун, Мичиген.

Од новите серии, пристигнуваат и нови епизоди на “Rabbit Hole” – шпионска трилер-серија за Џон Веир (Кифер Сатерленд), мајстор за измама во светот на корпоративната шпионажа, кој е наместен за убиство од моќни сили способни да влијаат и да го контролираат населението.

Хит филмот “Nope” станува достапен на платформата од 19 април. Се работи за страшен хорор, напишан и режиран од добитникот на „Оскар“, Џордан Пил. „Nope“ е мешавина од неверојатна научна фантастика и комплексен општествен трилер кој ги соголува корените на насилството, ризикот и опортунизмот кои се неразделен дел од романтизираната историја на американскиот Запад… и од самиот шоу-бизнис.

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close