ЗАНИМЛИВОСТИ

Нови епизоди од вашите омилени серии оваа зима на SkyShowtime

Како што наближува крајот на годината, ладните денови се почести, а желбата да останеме дома и удобно да се стуткаме во ќебето гледајќи некој интересен филм е сѐ поголема. Овој декември, SkyShowtime ја одбележува празничната сезона со посебна програма на филмови, серии и франшизи кои ќе го задржат вашето внимание и ќе ви понудат безброј часови сјајна забава!

Нови серии и филмови дебитираат на SkyShowtime наредниот месец, предводени од следното поглавје на популарниот „Frasier“ и последното продолжение од култната франшиза „Fast X“.

Ако сакате да го освежите репертоарот на серии, тогаш дефинитивно треба да ја погледнете новата „Lawman: Bass Reeves“ со Дејдвид Оујелово во главната улога, која ја раскажува приказната за една вистинска американска урбана легенда. Базирана на животот на вистинскиот Бас Ривс, првиот Афроамериканец кој станал шериф во САД и фатил повеќе од 3.000 опасни криминалци без да биде повреден. Серијата ќе биде ексклузивно достапна на SkyShowtime од 18 декември, а нови епизоди ќе излегуваат секоја наредна недела.

Големата вест за оваа година, сепак, е премиерата на новата сезона на „Frasier“, во која Келси Грамер се враќа во улогата на нашиот омилен Фрејзер Крејн и го следи новото поглавје од неговиот живот. Овојпат, дејството е сместено во Бостон, каде што Фрејзер се враќа да го посети неговиот син Фреди, а притоа се сретнува со плејада на ликови од неговиот живот. Нови епизоди се достапни секоја наредна недела.

А кога ви е потребна добра серија што ќе ве држи заинтересирани од епизода во епизода, не барајте подалеку од хитот „Yellowjackets“. Во иста мера епска приказна за преживувањето, психолошки хорор и драма за созревањето, Yellowjackets е сага за еден тим многу талентирани средношколки фудбалерки кои се (не)среќните преживеани во пад на авион длабоко во далечната дивина на северот. Серијата е хроника на нивниот пад од еден комплициран, но успешен тим до поделбата во ѕверски табори, истовремено следејќи ги и животите кои се обидуваат да ги доведат во ред речиси 25 години подоцна, покажувајќи дека минатото никогаш не е вистински минато и дека она што започнало во дивината е далеку од завршено.

Побрзајте и регистрирајте го вашиот профил на стриминг платформата SkyShowtime преку веб страната https://www.skyshowtime.com/ и уживајте во бескрајните часови на неверојатна забава, овозможена од најдобрите студија во светот.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close