ЗАНИМЛИВОСТИ

Неколку различни начини на кои можете да го користите омекнувачот за алишта

Еве неколку одлични трикови за да ја одржувате секоја соба свежа и секоја површина чиста, користејќи омекнувач.

Го освежува просторот
Наполнете го шишето со спреј со омекнувач и вода во сооднос 1:3 и испрскајте ги завесите и теписите, а на овој начин можете да ја освежите и внатрешноста на автомобилот.

Ја вади старата тапета
Помешајте целосно капаче омекнувач со 4 dl вода, натопете го сунѓерчето и оставете го да отстои 30 минути, а потоа со него премачкајте ја тапетата.

Исчистете ги изгорените тави
Изгорените тави може да бидат вистинска болка. Наместо агресивно да ги чистите, обидете се да ја натопите тавата во омекнувач измешан со топла вода. Оставете да делува преку ноќ и наутро полесно ќе се измие. Загорениот дел и налепен, веднаш ќе падне.

омекнувач за алишта
Pile of fresh towels, flowers and detergent on table against blurred background

Ги враќа тврдите веќе искористени четки
Четките за фарбање и чистење алишта перете ги во 2 l вода со капка или две омекнувач и ќе бидат многу помеки.

Ги отстранува водените траги
Додадете 1/2 чаша омекнувач за алишта во 1/2 чаша топла вода и испрскајте ја на површината. Исчистете со сунѓер и оставете да се исуши. Дамката треба да се избрише и нема да остане хемиски мирис.

Спречува таложење прашина
Истурете капка или две неразреден омекнувач на мека крпа и избришете ги телевизорот и компјутерот. Ова ќе го елиминира статичкиот електрицитет и ќе „собира“ помалку прашина.

Сјај на стаклена површина
Истурете омекнувач и вода во сооднос 1:4 во шише со распрскувач. Испрскајте мека крпа и избришете ги прозорците, туш кабината, огледалата, а потоа избришете ги сите тие површини со сува крпа.

Ги омекнува теписите
За да ги растерате влакната и да го освежите мирисот, измешајте топла вода и омекнувач, испрскајте ја добиената смеса на тепихот, оставете неколку минути и измијте со средство за чистење теписи на пареа. Важно е добро да го измиете ако имате мали деца или домашни миленици.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close