АСТРОЛОГИЈА

Љубовта им се смешка – овие 4 знаци ќе најдат сродна душа до крајот на годината!

Есента е период на големи промени на сите полиња – многу луѓе ги менуваат работните места, други добиваат унапредување, некои одлучуваат да застанат на „лудиот камен“, додека други сметаат дека единствено решение е разводот. Овие 4 знаци ќе ја најдат својата сродна душа до крајот на годината!

Промените се сигурни, некои на подобро, некои подрастични, но сигурно е дека ништо повеќе нема да биде исто.

Близнаци
Многу работи ќе бидат во ќорсокак, но не и љубовниот живот! Имаат голема шанса до зима да ја најдат својата сродна душа!

Многу Близнаци, пак, ќе се помират со бившиот партнер, но астролозите советуваат дека е подобро се да оставите во минатото и да не се обидувате да градите таму каде што нешто е срушено. Универзумот сигурно ве води до вистинската личност.

Девица
После предизвикувачки период, на Девиците доаѓа период на големи промени во личниот живот. Универзумот ќе ги награди оние кои долго време се сами со нова љубов која ќе им ги залечи сите стари рани.

Доколку сте во врска која долго време е во криза, крајот на годината може да биде клучен. Ако не работите на комуникација, некој од вас можеби ќе ја бара среќата на страна, а тоа значи дефинитивен крај.

Стрелец
На нив ќе биде само да изберат со кого подобро се согласуваат. Ако сте во стагнантна врска, ова е одлично време да ги започнете работите. Потребно е време, бидете трпеливи и работете на тоа вашата врска да биде поотворена и помалку да се контролирате еден со друг. Се ќе се реши до зима!

Водолија
Водолиите кои се сами ќе имаат можност да започнат нова романса. Добри се шансите тоа да не биде само минлива авантура за паметење, туку личност со која можете да започнете врска која има потенцијал да трае. Ако сте во брак, на почетокот на зимата ќе цветаат заспаните чувства.

Партнерот и вие ќе се согласите дека е време да се зближите еден со друг, да започнете страсти. Патувањето е начинот на кој можете повторно да откриете што ве натерало да се заљубите во него.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close