ЗАНИМЛИВОСТИ

Карактеристики кои децата ги наследуваат исклучиво од нивните татковци

Претходните истражувања покажаа дека детето ја наследува интелигенцијата од својата мајка, но што е со другите негови карактеристики? Има ли нешто што вашето дете ќе го наследи исклучиво од својот татко? Според генетичарите, и тоа како постои.

татко

Како што пишува „Family Education“, има дури три работи кои докажано ги наследува детето од таткото, а генетичарот Дејна Бресет открила кои се овие карактеристики.

Висина
Физичкиот изглед на детето често е поблизок до гените на таткото отколку на мајката. Експертите тврдат дека постојат најмалку 700 генетски варијации кои се одговорни за одредување на висината на детето. Иако оваа особина доаѓа од гените на мајката и таткото, постојат докази кои покажуваат дека гените на таткото играат поголема улога во одредувањето на висината.

Научниците објаснуваат дека факторот на раст сличен на инсулин (IGF протеин) е генетска особина која е одговорна за поттикнување на растот. Генетичарот Бресет тврди дека ако таткото е висок, детето најверојатно ќе биде високо кога ќе порасне.

Пол на детето
Ако таткото некогаш се разочара што нема момче или девојче, тоа е само негова заслуга. Познато е дека мажите се единствените одговорни за одредување на биолошкиот пол на детето, објаснува Бресет.

Проблеми со менталното здравје
Истражувањата покажаа дека токму татковците можат да им пренесат мутирани гени на своите деца што доведуваат до ментални болести или некои други проблеми со менталното здравје. Најчесто, станува збор за состојби како хиперактивност, шизофренија или биполарно растројство.

Исто така, Бресет објаснува дека децата, чии татковци се постари од 45 години, имаат поголема веројатност еден ден да имаат потешкотии во учењето, како и зголемена склоност кон депресија или анксиозност.

Напишете коментар

Back to top button
close