Поларното денско или полноќно сонце е природен феномен кој се јавува северно од арктичкиот круг и јужно од антарктичкиот круг. За време на него, Сонцето е видливо 24 часа на ден.
Поларен ден е периодот од годината во кој Сонцето не заоѓа под хоризонтот. Тоа значи дека има дневна светлина во текот на 24 часа.
Причината за оваа појава е навалувањето на оската на Земјата и движењето на Земјата околу Сонцето.
Поларниот ден се јавува во поларниот круг, од 66,5° географска ширина (и север и југ). Најдолго трае на Северниот и Јужниот Пол, дури 6 месеци, додека должината на периодот на траење се намалува кон поларниот круг, каде што трае еден ден во годината, за време на летната краткоденица околу 21 јуни (т.е. зимската краткоденица околу 21 декември на јужната хемисфера).
Во Европа, Арктичкиот круг ги опфаќа северните региони на Норвешка, Шведска, Финска и Русија. На пример, во норвешкиот град Тромсо, периодот со поларниот ден трае од 18 мај до 25 јули – повеќе од 60 дена сонцето не се спушта под хоризонтот.
„Сонцето беше неверојатно убаво синоќа на полноќ. Само две недели нè делат од почетокот на поларниот ден, што значи дека наскоро ќе завршат зајдисонцата и изгрејсонцето“, напиша на своите социјални мрежи Марју Џордан, кој поголемиот дел од годината живее на Антарктикот.