Понекогаш детергентот може да остави траги на облеката, во форма на бели или сини дамки, восочна трага или тврда текстура. Иако можеби мислите дека овие дамки е невозможно да се отстранат, експертите за чистење објаснуваат дека тоа е сосема изводливо – со помош на алкохолен оцет.
Експертите велат: „Дамки од детергент може да се појават доколку тој не се исплакне правилно. За среќа, ваквите дамки се отстрануваат релативно лесно. За да ги отстраните, измешајте една чаша оцет со четвртина чаша вода. Потоа, натопете ја извалканата облека во растворот и истријте ја ткаенината сама по себе за да го отстраните детергентот.
Оставете ја облеката да отстои еден час, а потоа исперете ја во машина сама или со неколку други парчиња облека. Важно е да не ја преоптоварувате машината за перење, за да може детергентот целосно да се исплакне од ткаенината.