Не е тајна македонците сакаат да уживаат во добрата храна. Да се дружат, па дури и да поминат 100-тина км за добро гастрономско искуство. Како што доаѓа летото, тоа сакаат да биде некаде покрај езеро, море каде на посвежа клима ќе можат да се опуштат и да уживаат.
Една од опциите е секако Стар Дојран, каде ќе може да уживате покрај релаксирачкото Дојранско езеро. Оние кои често одат во овој дел од нашата земја знаат да кажат Дојран е најубав во месеците мај и јуни, нема гужва, не е толку топло, а и езерото е најчисто. Овој период почнуваат да цветаат и ленадрите, тука се и палмите, а климата медитеранска, а Дојран е на само 40 км воздушна линија оддалечен од Егејското море. Тие исто така знаат да истакнат дека дефинитивно не треба да патувате некаде многу далеку за да доживеете врвно гастрономско искуство. Тоа го има во Дојран!
Ако веќе се решите за Дојран треба да знаете каде да отидете, и што да одберете за јадење. Ако сте за свежа риба, подготвена на традиционален начин, пржен крап, белвица, плескавица од икра, рибја чорба… па слатко од смокви, раванија, и се да биде врвно подготвено и квалитетно се препорачува ресторан “НоТа”, со 33 годишна традиција, кој се наоѓа во центарот на Стар Дојран, со преубав поглед на езерoто.
Овде се подготвуваат рибни специјалитети стари 100-тина години, сочувани со генерации. Ручекот може да почне со ладно предјадење со на пример фригована или маринирана риба, црвеноперка која се јаде сосе коски, и тоа како мезе заедно со ракија или бело вино.
На менито во овој ресторан има и лангида, или ќофте од икра за топло предјадење, како и традиционална дојранска рибја чорба од крап и помал дел од сом, која се подготвува неколку часа, без примеси од брашно и јајца. За овие два специјалитети луѓето знаат да извозат долг пат, и да уживаат со сите сетила.
Овде може да јадете и пржен крап во масло, сечен како кременадли, потоа крап тава со зарзават кој се спрема 5,6 часа, со посебен вкус на крапот. За засладување дојранска раванија и слатко од зелени смокви, каде едноставно забораваш на диетата, и целосно се предаваш на задоволствата.
Кога ќе влезеш во НоТа се отвора и срцето и душата. Во НоТа се оди не само да се јаде, туку да се ужива, да се креираат спомени на кои долго потоа ќе се сеќаваме! Тука одиме не само за храната, туку и за целата атмосфера, и како се чувствуваме. Уреден ресторан, љубезен персонал, вкусна храна, интимност, леандри и палми, поглед на Дојранското езеро, се се работи кои овде ги има, а кои влијаат на нашето расположение и емоции.
Така што ако сте љубител на рибна храна, тогаш локацијата за вас дефинитивно е ресторан НоТа. Резервирајте ја вашата маса на телефон-070 218 866.