ЗАНИМЛИВОСТИ

Дали знаете зошто има престапна година?

Престапната година, поради 29 февруари, има 366 дена, а не 365. Дополнителниот ден во февруари е од астрономски причини – на Земјата и се потребни 365 дена, пет часа и нешто помалку од 49 минути за да го обиколи Сонцето, а не точно 365 дена.

Престапен ден обично се вметнува секоја четврта година за да се компензира разликата помеѓу сончевата и календарската година.

Престапна година

Повеќе од три четвртини од Германците, 76 отсто, го знаеле одговорот на прашањето што е престапна година. Истражувањето покажа дека 13 отсто од испитаниците не знаеле, додека 11 отсто не одговориле, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Луѓето на возраст од 45 до 54 години биле најсигурни во своето знаење, покажува истражувањето на YouGov. Повеќе од една петтина од нив, 81 отсто, знаеле да објаснат што е престапна година.

Во истражувањето спроведено на 19 февруари учествувале речиси 3.700 луѓе.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close