На социјалните мрежи се појави фотографија како правилно да се користи сламката и многумина останаа збунети.
Како деца постојано пиевме сок со сламка, но испаѓа дека цело време тоа сме го правеле погрешно. Затоа никогаш не успеавме да го испиеме сокот што остана на дното.
Сламките имаат флексибилен врв за да можеме да го испиеме целиот сок од хартиената амбалажа.
На социјалните мрежи се појави фотографија како правилно се користи сламката.
My whole life has been a lie pic.twitter.com/FjNzvmuGtM
— Today Years Old (@todayyearsoldig) August 18, 2023
– Грешев цел живот – е насловот на фотографијата на која се гледа како правилно се користи сламката.
Сламките имаат свитлив врв со причина. Многумина од нас го користеле врвот за пиење од сламка, но правилната процедура е обратна, тој врв треба да се вметне во тетрапакот.
Откако беше споделена, сликата на која се гледа како правилно да се користи сламката кога се пие сок од хартиена амбалажа, собра голем број прегледи. Коментарите само продолжија да доаѓаат.
– Мојот свет само се преврте наопаку – беше еден од коментарите.
– Ми треба второ детство – додаде друг.
Сепак, некои рекоа дека за ова знаат цел живот.