ЗАНИМЛИВОСТИ

Будванска ривиера – Крај на летото за почеток на одморот

Летото во Будва деновиве влегува во својата најубава фаза. Топлото море и волшебниот град на Јадранот чија температура полека се изедначува со температурата на воздухот, намалениот сообраќаен метеж, пониските цени во хотелите и приватните апартмани, изминатите години кон крајот на август и во текот на септември привлекуваат навистина голем број туристи кои сакаат вистински да се одморат на песочните плажи на питомиот брег.

Иако податоците говорат дека на будванската ривиера и понатаму има околу 40.000 туристи, сепак највпечатливите природни убавини на овој крај се највидливи токму во периодот кој следува, кога и мештаните ослободени од нивните секојдневни обврски одат на плажа. Хотелите, вкупно 140 од нив на будванската ривиера, кои претставуваат скоро третина од целокупниот црногорски туристички потенцијал., се вистински избор за крајот на летото и почетокот на годишниот одмор за сите оние кои чекаа на поблагите сончеви зраци.

Rezevici 1

Цените во повеќето сместувачки објекти се пониски и до 30% во однос на јули и август, а многу од хотелиерите дополнително обезбедија посебни акции кои првенствено се однесуваат на престојувањето на деца во присуство на нивните родители. Висококвалитетната содржина во будванските хотели, од кои поголемиот дел се сместени на самиот Јадрански брег, во текот на првите шест месеци од оваа година привлекуа гости од Србија, Албанија, Германија, Франција, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Турција, Полска, Русија и Хрватска. Кога се во прашање земјите надвор од Европа, најголем број од посетителите доаѓаат од Израел, САД и азиските земји. Во овој вид сместување, во првата половина од годината, престојуваа скоро 160.000 гости кои остварија скоро 540.000 ноќевања.

35

Септемвриските цени во објектите со три и четири ѕвезди изнесуваат 30 или 40 евра за ноќевање со појадок, односно од 60 евра па нагоре за all inclusive услуга со посебни поволности за најмладите, и тие веќе придонесуваат кон зголемување на интересот кај посетителите. Ако на тоа го додадеме и фактот дека цените во приватните апартмани и соби се пониски за 20%, како и тоа дека двокреветна соба во овој период од годината може да се изнајми по цена од 15 евра, а студио апартман по цена од 20 евра за ноќевање – може да се заклучи дека ни претстојат уште многу денови на убава дружба со будванските домаќини.

51

Цените во хотелско сместување за периодот септември-октомври се обединети во флаер кој заедно со промотивниот материјал ќе им биде достапен на сите посетители. Во сабота и недела (27 и 28 август) во претпладневните часови (од 9 до 12 часот) посетителите ќе бидат услужени со бесплатни приморски специјалитети (руштула у фугаца) и вкусно утринско кафе, а за најмладите е обезбеден и голем број на шарени балони.

А што може да очекува еден гостин во Будва на крајот на август и почетокот на септември?

Доколку е љубител на електронската музика – го повикуваме на Sea Dance фестивалот. Планетарните и регионалните хитови и ова лето стигнуваат на една од најубавите плажи на Јадранот. Буљарица ќе биде домаќин на осмото издание на овој престижен фестивал, а Шаус, Махмут Орхан, Констракта, Сенидах, Нина Кравиц и многу други ги подготвија хитовите со кои ќе гарантираат сјаен провод до раните утрински часови (www.seadancefestival.me). Доколку сепак преферирате звук на саксофон или труба, срдечно ви го препорачуваме 15-тото издание на Петровац Џез фестивал, кој во текот на изминатите 16 години обедини повеќе од 2.000 учесници од преку 24 земји од светот. Фестивалот и оваа година ќе се одржи од 1 до 4 септември, првите два дена на терасата од хотелот „Палас Лукс” во Петровац, а потоа на базенот „Рондо” во туристичката населба „Словенска плажа”. Во програмата учестуваат црногорските музичари Марија Божовиќ, ‘Бенд Монтенегро’ и ‘Ол Грув Олдтајмерс’, ‘Војводански блуз бенд’ од Србија, заедно со Мауро Сигура од Италија, ‘ПиЏејс’ од Словенија и бендот ‘Макс Кохетов’, кој е сочинет од музичари од Велика Британија, Србија и Украина.

IMG 1562 2

Остануваме во Петровац и во сабота, 3 септември, кога на радост на многу од присутните и мештаните од ова шармантно мало место на будванската ривиера, ќе се одржи традиционалната „Петровачка ноќ”. Случувањата во Петровац ќе започнат уште од 16 часот со организација на спортски игри на петровачкото пристаниште, детска програма и споделување на традиционалните локални специјалитети. Музичката програма на овогодинешната „Петровачка ноќ”, по дефилето и концертот на Градска музика Будва кои се предвидени да започнат од 19 часот, ќе ја одбележат рок звуците. Од 21 часот ќе настапи будванскиот состав Џек Лупино, претставниците на новата српска сцена – групата Артан Лили од Белград и регионално познатиот рок бенд Ван Гог.

Смирено лето во Будва

Сакате мирен одмор? Бегство во природа или тишина која ја прекршува само звукот на морето? Ви препорачуваме задолжително да ја посетите Дробен песок – плажата која оваа година доби ласкаво признание од влијателниот англиски медиум „Гардијан”, кој ја смести помеѓу 40-те најубави плажи во Европа. Утрото искористете го за да го обиколите Стариот град, кој памети повеќе од 2.500 исклучително бурни и интересни години, да прошетате низ уникатниот Милочерски парк, да видите едно од најстарите маслинови дрва на Медитеранот – Старата маслина во Ивановиќи  или пак да го запознаете местото со кое ви пружа поглед кој ќе ве воодушеви – Тврдината Могрен.

За богатата историја на Будва ќе дознаете повеќе благодарение на љубезните кустоси во Музејот на градот, кој е сместен во зграда која датира од 19 век, а овој музеј неодамна стана и дом на античкиот мозаик за кој се претпоставува дека датира од вториот век од новата ера, а случајно е пронајден кон крајот на 30-тите години од минатиот век, во текот на изградбата на стариот хотел „Авала”. Во прекрасната околина на Будва се наоѓаат и десет манастири кои се места каде што туристите од сите вери се воодушевуваат со посебна љубов и почит. Еден од најубавите е секако женскиот манастир Рустово во Паширска гора, каде што вредните монахињи веќе со години прават препознатливи лековити производи од околните билки.

Крајот на летото во Будва мириса и на домашно грозје и смокви, а доколку сакате да откриете што се тоа зинзули – магичното кинеско овошје или како во селските домаќинства се прават вино и ракија, посетете ја најубавата ривиера на Јадранот во текот на септември или октомври и уживајте во убавините на ова прекрасно поднебје.

Напишете коментар

Back to top button
close