ЗАНИМЛИВОСТИ

Баба Ванѓа верувала дека овие работи носат среќа и бериќет! 6 клучни работи што треба да ги следите

Некои обичаи се длабоко вкоренети во нашиот народ, без оглед на недостатокот на научна потврда. Многумина сметаат дека некои работи се само суеверие, додека други цврсто веруваат во нивната вистина.

Баба Ванѓа

Баба Ванѓа е родена како Вангелија Димитрова во Струмица во 1911 година. Бројни легенди и приказни велат дека Баба Ванѓа имала сосема нормално детство се додека страшна бура не ја однела во небото и оттогаш ги изгубила очите, но добила „поглед кон иднината“.

Баба Ванѓа верувала дека следните работи носат среќа:
1. Секогаш јадете и пијте од цели и неоштетени чинии и чаши за да ја задржите добрата енергија и среќата во вашиот дом.

2. За да спречите среќата и просперитетот да го напуштат вашиот дом, ставете неколку парички во осамено ќоше.

3. Корите леб и трошките што останале од ручекот или вечерата, дајте им ги на птиците – така среќата ќе влезе во вашиот дом.

4. Никогаш не се фалете со својата среќа, особено не пред странци. Нивната љубомора може да донесе несреќа во вашиот живот.

5. Не чувајте скршено или испукано огледало во домот, бидејќи тоа може да ви ја украде среќата. Таков предмет не е добредојден во вашиот дом.

6. Носете пари во паричникот, никогаш стуткани во џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете просперитет.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close