ТЕХНОЛОГИЈА

WhatsApp додаде опција за таен код за сокривање на разговорите

WhatsApp додаде опција за лозинка во Chat Lock, велејќи дека тоа е уште еден начин да ги заштитите вашите разговори.

WhatsApp secret code

Кога користите таен код („Тајна шифра“), можете да поставите лозинка за заклучување разговор, а таа лозинка може да се разликува од онаа што ја користите за заклучување на телефонот.

Корисниците ќе добијат и опција да ја сокријат папката Locked Chats од листата на разговори, а кога ќе ја внесете лозинката во полето за пребарување, таа ќе се појави дури тогаш (Вибер веќе има нешто слично).

Заклучувањето разговори исто така е олеснето – сега треба само да држите малку подолго и ќе можете да ја изберете опцијата за заклучување разговори.

Функцијата штотуку започна да се прикажува за корисниците, а WhatsApp вели дека треба да биде достапна за сите во наредните месеци.

Напишете коментар

Back to top button
close