ТЕХНОЛОГИЈА

Нова дигитална програма за лојалност и наградување за корисниците на Македонски Телеком

Поволностите и попустите се достапни преку TelekomMK апликацијата

За да ја награди лојалноста на корисниците Македонски Телеком почнува нова дигитална програма за лојалност и наградување.  Оваа програма е создадена за сите приватни и деловни постпејд и фиксни корисници, кои ја користат апликацијата Telekom MK.

Nova digitalna programa za lojalnost

Сите поволности и понуди од многубројните партнери може да се одберат и активираат со еден клик на банерот „Искористи го моментот“ на насловната страна на апликацијата. Попустите се од областите: техника, трговија, едукација, здравје, дом и уредување, автомото, патувања и многу други. Со активацијата на корисникот му се генерира единствен QR код којшто треба да го приложи и верификува кај партнерите.

Нема ограничување на бројот на различни поволности коишто може да ги активира еден корисник, а секој корисник може да ги активира посебно за секоја линија што ја има најавено на апликацијата Telekom MK.

Бројот на партнерите и понудите секојдневно ќе се менува и збогатува, затоа е корисно секојдневно да се проверува апликацијата за да се искористат најновите понуди вклучени во листата.

Македонски Телеком ја препознава и цени посветеноста на корисниците и токму затоа ја создаде дигиталната програма за лојалност со одлични попусти од голем број партнери.

Повеќе информации наследниот линк.

Преземете ја TelekomMK апликацијата на линкот.

Напишете коментар

Back to top button
close