ТЕХНОЛОГИЈА

Македонец еден од победниците на 24тиот CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт

Благојче Павлески од Прилеп е единствениот Македонец кој учествуваше и е еден од победниците на 24-тиот меѓународен натпревар по програмирање CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт. Павлески натпреварот во програмирање го заврши како треторангиран меѓу 12те финалисти, врвни таленти кои влегоа во годинешното натпреварувачко финале.

Marina DSC00896 edit
На сликата со сертификатот не е Благојче Павлески, кој не беше во можност да присуствува на подигањето на наградите

CodeIT е создаден од Мусала Софт во 2000 година и е едно од најстарите натпреварувања за програмирање во светот. Привлекува стотици учесници од целиот свет и досега учествувале над 2300 натпреварувачи од повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Кина, Србија, Северна Македонија, Швајцарија, Иран, Индија, Шведска, Јужна Африка, Белгија, Норвешка, Финска, Хрватска, Ерменија, Ирска, Египет, Кенија, Украина и други.

„Мусала Софт, еден од столбовите на Киншифт, постојано демонстрира извонредни деловни достигнувања и силна посветеност за унапредување на ИТ заедницата во сите земји каде што работи. Наградите за CodeIT ги доделуваме со голема гордост и со цврста посветеност да ги одржиме и надградиме заложбите на Мусала Софт за препознавање и поддршка на ИТ талентите,“ истакна Марина Домазетовска, глобален раководител за комуникации во Qinshift.

1717494418699

Оваа година на CodeIT учествуваа програмери од 5 земји, Северна Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска. Масовното учество на програмерите од овие земји говори за одржливите традиции во информатиката и растечката популарност на програмирањето.

„Успешен живот значи да воспитате среќно дете и да правите добри дела кои се паметат. CodeIT е едно такво дело. Ви благодариме на сите вклучени во текот на речиси четвртвековната историја на заедницата CodeIT“, истакна Елена Маринова, ко-основач на Мусала Софт и член на Советодавниот одбор на Киншифт.

За натпреварот е одговорен тим од над 40 елитни натпреварувачи и олимпијци по информатика од Мусала Софт (CSLAB – Computer Science Lab), кој досега во текот на 23 години има креирано повеќе од 300 задачи. Во 2011 година, натпреварот усвои нов формат во кој секоја сезона е поделена на два вида натпреварувачки делови – СПРИНТ (5+3 задачи) и МАРАТОН (1 задача). Фазите вклучуваат „брзи и бавни“ задачи, распоредени во шест круга задачи. Најдобрите 12 натпреварувачи влегуваат во големото финале. Од 2013/2014, CodeIT стана меѓународно натпреварување и воведува категорија за помлади, до 8-мо одделение, што е клучен чекор во раното вклучување во науката и технологијата. Најдобрите 5 џуниор натпреварувачи од секоја сезона се натпреваруваат во финалето, формирајќи посебен младински ранг.

Напишете коментар

Back to top button
close