ТЕХНОЛОГИЈА

A1 Cyber Backup, напредна услуга за сајбер заштита на податоци

Заштитата на податоци е една од најважните задачи за да се обезбеди успех во бизнисот и негов непречен континуитет. Како доверлив партнер на деловните корисници, А1 Македонија, дел од А1 Телеком Австрија Групацијата, заедно со својот стратешки партнер Acronis ја проширува својата понуда со нова услуга за сајбер безбедност што вклучува најсовремен начин за креирање резервни копии на податоците (backup) и разновидни безбедносни контроли.

A1 Cyber Backup

A1 Cyber Backup е наменет за деловни клиенти во сите сегменти и обезбедува заштита од губење на податоци предизвикани од човечки грешки како што се ненамерно бришење датотеки, природни катастрофи, неоптимално складирање на податоци или малициозен софтвер. Решението ја комбинира интелигенцијата на безбедните решенија за backup на Acronis и безбедното складирање на податоците во професионално одржуван дата центар на А1 лоциран во Европа, така што во случај на изгубени или оштетени податоци клиентот може да ги врати информациите од резервната копија.

Вториот дел од услугата е сајбер заштита: напредна безбедност заснована на вештачка интелигенција против ransomware и друг малициозен софтвер што ги штити и резервната копија и продукциската околина на клиентот. Услугата вклучува многу функции за автоматска заштита на податоците како и кориснички интерфејс каде што може лесно да се управуваат сите конфигурации.

A1 Cyber Backup услугата е достапна и за деловните субјекти во Австрија, Бугарија, Словенија и Србија.

Сите информации за можете да ги најдете на официјалната веб страница на следниот линк.

Напишете коментар

Back to top button
close