Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонскиот остров Кјушу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 40 километри.
Нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.
Островот Кјушу се наоѓа на крајниот југозапад на Јапонија.