Полицијата се уште го чека сопственикот на чантата во која има 22.650 евра во продавница за половни производи во градот Лимбург – Германија, објави „Брисел тајмс“.
Вработените ги пронашле парите при проверка на чантата пред продажба.
Работникот Михиел Вацел изјавил дека девет од десет торби испорачани во продавницата се празни.
– Сепак, оваа ташна беше полна со банкноти, од 50 до 500 евра. Не можев да верувам кога ги видов. Мислев дека се лажни пари. Го известив управителот, а потоа утврдивме дека се работи за 22.650 евра – истакнал тој.
Од локалната полиција посочуваат дека досега никој не побарал пари.
– Парите и чантата се под заштита според упатствата на обвинителството – додаваат од локалната полиција, пренесува изворот.