СВЕТ

Нови земјотреси денеска во Турција, Романија и Хрватска

Нов силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Турција. Епицентарот на земјотресот бил на седум километри од градот Гоксун, на длабочина од десет километри.

земјотрес

Романија ја погодија два земјотреси со јачина од 5,2 степени и 3,3 степени. Епицентарот на земјотресот бил во Крајова, Романија. Тресењето се почувствувало и во Белград.

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16:17 часот го потресе подрачјето на Сисак, соопшти Хрватската сеизмолошка служба. Земјотресот бил во близина на Деановиќ, 15 километри јужно од Сисак.

Напишете коментар

Back to top button
close