СВЕТ

Мокбер привремен претседател на Иран – прогласена петдневна жалост

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамад Мокбер е одговорен за извршната власт и дека има рок од 50 дена да ги одржи претседателските избори.

Мохамад Мокбер

Хамнеи прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Според Уставот, во случај иранскиот претседател да почине, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржувањето на изборите, што е предмет на одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.

Покрај иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, идентификувани се уште три лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Убиени се имамот во градот Табриз, ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан, генерал Малек Рахмати и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.

Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптер кои се уште не се идентификувани.

Напишете коментар

Back to top button
close