Претседателот на Украина Володимир Зеленски доживеал сообраќајна несреќа во Киев, не е тешко повреден, соопшти неговиот портпарол Сергеј Никифоров.
„Во Киев патнички автомобил се судри со автомобилот на претседателот на Украина и возилата на неговата придружба. Лекарите кои го придружувале шефот на државата му пружиле итна помош на возачот на автомобилот и го предале на брзата помош. Претседателот бил прегледан од лекар, кој не констатирал сериозни повреди“, напиша Никифоров на социјалните мрежи.
Тој додаде дека полицијата ги истражува околностите на инцидентот.