Додека сè уште го чекаме снегот, а улиците и понатаму се тивки и празни во пост-празничниот период, во сенка на сета оваа убавина се јавува проблем кој многумина го игнорираат – отпадот. Зголемената потрошувачка за време на празниците, пластиката за еднократна употреба и несовесното фрлање придонесуваат за огромни количини на отпад.

И додека зимата не’ радува со долги пријатни ноќи и помалку метеж по улиците, таа носи и еден предизвик – управување со отпадот или селектирање. Во студените месеци се зголемува отпадот поради зголемената потрошувачка на пакувани производи, материјали за еднократна употреба за греење и сезонски прослави. Разни отпадоци, целофани, кутии ги полнат контејнерите. Во исто време, суровите временски услови ја комплицираат можноста за собирање и одлагање на отпадот. Во многу региони, отпадот се акумулира па доколку не се управува правилно може да навлезе во екосистемите и да го загрози човекот така што ќе ги загади водите, почвата и воздухот.
Еден од најголемите зимски предизвици со отпадот е и зголемената употреба на пластика за еднократна употреба и пакувања. Исто така, постуденото време води кон зголемена потрошувачка на производи за удобност – чаши за топли пијалаци, еднократни грејачи за раце и зимска облека што содржи пластика. Многу од овие производи завршуваат во преполните контејнери или уште полошо, во депониите, каде што остануваат со децении.
View this post on Instagram
Ефикасното управување со отпадот во зима бара адаптација на инфраструктурата и зголемување на јавната свест. Општините да ги предвидуваат сезонските зголемувања на отпад и да ги приспособат распоредите за собирање. Да се поседува капацитет на контејнери отпорни на временски услови и подобрени програми за компостирање што можат да ги ублажат предизвиците на зимата. Во меѓувреме, секој поединец може да одигра значајна улога со одговорна потрошувачка односно користење на производи за повеќекратна употреба, минимизирање на отпадот од пакувања и правилно селектирање.

Кај нас непрофитната организација Пакомак одговорно и веќе 15 години управува со отпадот, имплементирајќи мрежа која е прилагодена на секој граѓанин за да има лесен пристап кога станува збор за селектирање. Ваквите иницијативи како на оваа компанија, секогаш ја нагласуваат потребата од сезонски прилагодени решенија. Тие никогаш не ги занемаруваат еколошките и практичните аспекти кога станува збор за умно селектирање и целокупна грижа за животната средина.
Зимскиот отпад е неизбежен предизвик, но не мора да се дозволи да стане криза. Со проактивни политики, иновативни технологии и одговорна потрошувачка, општествата можат да го променат начинот на кој се справуваат со отпадот во најстудените месеци од годината. Одржливоста не е сезонски концепт туку заложба што мора да се пробива не само низ снегот и мразот туку и понатаму.





