МАКЕДОНИЈА

Зен 2.0 Караванот по Скопје ги мотивираше и младите од Општина Гостивар – Одржан 2-от менторски форум за млади лидери

На подрачјето на Општина Гостивар успешно беше реализиран вториот од петте менторски форуми за млади лидери на заедниците, наменет за учесници од Гостивар на возраст од 16 до 24 години од средни општински и државни високо-образовни институции, во рамки на проектот Зен 2.0 Караван организиран од Здружението Икуалити.

Youth Forum 2 4

На повикот беше забележана следната процентуална застапеност: 64% девојчиња, наспроти 36% момчиња, од кои 93% се со средно, а 7% со високо образование. Пријавените учесници беа на возраст до 18 години – 71% и над 18 години – 29%, од повеќе националности застапени во земјата.

Во седиштето на Младинскиот ресурсен центар iCan – Гостивар, на 31 јануари 2024 година, 6 учесници проследија три менторски обуки за унапредување на комуникациски вештини, вештини за самозастапување и ментално и физичко здравје, а по завршување на истите и во рамки на проектот ќе бидат поттикнати да решат локално прашање од интерес за младите и граѓаните од Општината Гостивар.

Youth Forum 2 19

Форумот за млади лидери отпочна со менторската обука на тема „Јавен настап и креативно себепрезентирање“, водена од Марија Дивитарова, а присутните учесници имаа можност преку практични вежби да ги унапредат своите комуникациски вештини во вербална и невербална комуникација, особено денес, во ерата на високо-технолошките дигитални решенија и уреди кои за младите претставуваат потенцијален ризик за зголемена социјална изолација и осаменост.

Втората менторска обука насловена „Како до успешно индивидуално и групно застапување“ беше посветено на начините на успешно самозастапување пред различни институции и тела во рамки на правниот поредок во земјата, но и на меѓународно ниво. Дополнително беше претставена правната алатка – бесплатна правна помош, достапна за секој. Самозастапувањето е ефикасна правна форма во високоразвиените земји, што пружа можности во процесот за иницирање и постигнување на општествени позитивни промени.

Youth Forum 2 14

Третата обуката ја опфати темата „Физички и ментален имунитет“ и беше посветена на техники и методи за одржување на стабилен имунитет и баланс помеѓу физичкото и менталното здравје. Се дискутираше за важноста на водење здрав животен стил, одржување баланс на физичко и психичко ниво со цел поголема свесност и насочување кон позитини промени во личниот и професионален живот.

Младите учесници покажаа голем ентузијазам и желба за проактивност и во наредниот период ќе имаат можност да изберат предизвик, кој е значаен за младите и населението на Општина Гостивар и служејќи се со стекнатите вештини и под менторство и поддршка од обучувачите ќе иницираат решенија за предизвикот. Низ овој проектен циклус младите лидери ќе покажат на своите сограѓани од општината дека крајната цел – позитивните промени се возможни, доколку постои длабока верба и посветено се превземаат чекори за нивно остварување.

По завршувањето на обуките во Општина Гостивар, Зен 2.0 Караванот продолжува со подготовките за понатамошно делување во Општина Битола, по што ќе делува и во Општина Струмица и општините во Град Скопје, и понатаму инволвирајќи ги и претставниците на локалните власти и организации посветени на младински прашања.

Повикот за  млади лица – учесници од Општина Битола ќе биде објавен во почеток на месец март 2024 година.

Напишете коментар

Back to top button
close