МАКЕДОНИЈА

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници во масовна акција за обнова на шумите во Источниот регион

Виртуелните дрвца од „Боренка“ станаа природни. Насадени над 10 000 садници на 4 хектари

Волонтери од Телеком и од Сојузот на извидници, заедно со Национални шуми, учествуваа во заедничка еко акција за целосна обнова на шумите во Источниот регион. Насадени се нови 10 000 дрвца на површина од 4  хектари, во Делчево – Стар Истевник, регион чиј зелен појас беше оштетен од шумски пожари во 2020 – 2021 година. Оваа акција е дел од партнерството на Телеком со Сојузот на извидници, преку проектот „Боренка“.

Virtuelnite drvtsa od Borenka stanaa prirodni 5

„Боренка“ е еко иницијатива за обнова на опожарени региони во која може да учествуваат сите: како креатори на виртуелната шума или како волонтери за пошумување преку Сојузот на извидници и општините.  Во виртуелната шума на www.borenka.mk секој може да нацрта и да засади свое виртуелно дрвце. Македонски Телеком се обврза за секое нацртано дрвце во Источниот регион да насади природно. Во заедничката акција за пошумување во која учествуваа над 100 волонтери: вработени во Телеком и извидници, виртуелната магента шума стана природна.

Virtuelnite drvtsa od Borenka stanaa prirodni 4

Македонски Телеком почна со обнова на зелениот појас зафатен од пожарите уште минатата година, како дел од ESG агендата на компанијата. Преку партнерството со Сојузот на извидници го прошири своето поле на делување, ја зголеми свеста за проблемот и масовноста на акцијата.

Virtuelnite drvtsa od Borenka stanaa prirodni 3

Освен акциите на терен и креирањето виртуелна шума, со ова партнерство се јакне и се развива волонтеризмот и едукацијата на најмладите за заштита на животната средина. Во последниве неколку месеци, над 3000 деца од Македонија беа дел од едукативните работилници на „Боренка“, каде што научија колку се важни шумите и нацртаа свое дрвце во виртуелната шума.

Virtuelnite drvtsa od Borenka stanaa prirodni 2

Шумските пожари уништија голем дел од зелениот појас во Македонија, а за да се направи вистинска разлика потребна е заедничка  акција. Заедно со нашите пријатели извидници, повикуваме на масовно вклучување на граѓаните и компаниите за да се обноват сите региони зафатени од пожарите.

Virtuelnite drvtsa od Borenka stanaa prirodni 1

Напишете коментар

Back to top button
close