МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Силно светна розова панделка во Скопје

Големо внимание привлече синоќешната креативна светлосна инсталација што ги “размрда“ скопјани со панделка во розова боја на деловен објект позициониран на една од најфреквентните раскрсници во градот Скопје.

1698219133677304

Граѓаните кои поминуваа покрај објектот се фотографираа, а на социјалните мрежи се споделуваа објави со пофалби за иницијативата со розова панделка што симболизира подигнување на свеста за ракот на дојка.

Овој тип на рак е најчестиот малигнитет кај жените, а според статистиката, три до четири жени во земјава дневно заболуваат од него. Октомври е месецот за борба против ракот на дојка и важно е да знаеме дека истиот може да се излекува доколку навреме се открие. Редовните лекарски прегледи, здравиот начин на живот, воведувањето на физичка активност и намалување на стресот се најдобрата превенција, но и заштита од заболување, што придонесуваат за подобар квалитет на живот.

image00006 rotated

Светлосната розова панделка беше поставена на целиот деловен објект ЗОАРА кој се наоѓа во непосредна близина на новиот трговски центар Ист Гејт Мол. Од компанијата Велкоски кои се иницијатори на оваа герила акција потенцираат дека грижата за здравјето треба да биде главниот и врвен приоритет.

Компанијата Велкоски што важи за една од водечките компании во сферата на градежништвото во следниов период ќе организира бесплатен мамографски преглед за вработените, и продолжува со општествено одговорни активности во сите сегменти на општественото живеење.

Напишете коментар

Back to top button
close