Камион со турски регистерски таблички утрово пропадна во подната фонтана на плоштадот „Македонија“. Тој е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје. Фотографии за многу кратко време се проширија на социјалната мрежа Твитер.
За таа цел, во моментот се оградува просторот на кејот на Вардар, помеѓу реката Вардар и зградата на Македонски телеком.
Допрва градските власти ќе треба да обелоденат зошто ѝ е издадена дозвола на филмската продукција со своите возила да поминуваат низ плоштадот. Во фонтаната веќе по четврти пат пропаѓа возило.