МАКЕДОНИЈА

Третиот саем од трилогијата Саеми во пролет започнува – Отворен Саемот за транспорт

Бизнисот е еден од главните столбови на општеството и економијата, а саемските манифестации се едни од поголемите двигатели за развој на бизнис мрежата во различни индустрии.

3S3A8730

Како дел од трилогијата „Саеми во пролет“, во организација на Скопски Саем, денес, 07.06.2023, се отвори и третиот саем од оваа трилогија, – Саемот за транспорт.

„Саемот за транспорт годинава започнува со значително квалитетна палета на учесници и брендови, а воедно и одлични саемски понуди за сите потреби на секој бизнис, во областа на транспортот. Сето ова е со цел заштеда на време, модернизирање на оперативните активности, а и последователно креирање нови можности за фокусирање на нови успеси за секој бизнис,“ изјави Даниела Глигоровска, Управител на Скопски Саем.

3S3A9036

На тековното издание на Саем за транспорт учествуваат над 40 брендови од државата, но и регионални и светски имиња во светот на транспортот и логистиката.

„Во рамките на бројните учесници и брендови, горди сме што имаме учесници од диверзифицирани дејности. На годинешниот Саем за транспорт се вбројуваат реномирани импортери на товарни, комерцијални и приклучни возила, автобуси, градежна механизација, компании за логистички и транспортни услуги, пратечка индустрија и услуги,“ дополни Сања Кондарко, Оперативен директор на Скопски Саем.

3S3A9012

Учесниците на своите штандови најавуваат интересни саемски понуди на препознатливи врвни брендови во индустријата.

Саемот е отворен секој ден од 07.06.2023 (среда) до 09.06.2023 (петок), од 10:00 до 18:00 часот, – и тоа за сите заинтересирани посетители, а воедно и за лица од деловниот свет.

За сите информации поврзани со тековниот Саем за транспорт, следете го Скопски Саем и на @skopski.saem на Instagram, како и на Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

Саемот се реализира на отворено, во Комплекс – Борис Трајковски во Скопје.

Напишете коментар

Back to top button
close