МАКЕДОНИЈА

The Dance Off беше последниот настан на Европското првенство во танци 2023

Ист Гејт Мол, врвната шопинг дестинација во срцето на Скопје, викендов на 10-ти јуни, заживеа кога над 1500 исклучително талентирани танчери од цела Европа се собраа да ги покажат своите извонредни вештини, приредувајќи незаборавен спектакл што ја маѓепса публиката, а сето тоа за да се одбележи крајот на овогодинешното Европско првенство во танци 2023.

IMG 7023

Европското првенство во танци е познато како врв на танцовите натпревари, привлекувајќи учесници од сите краеви на Европа. Ист Гејт Мол имаше чест да служи како епицентар на овогодинешниот шампионат, додавајќи извонреден белег на настанот. Посветеноста на трговскиот центар за промовирање уметност, култура и забава го направи совршено место за прослава на кулминацијата на овој престижен натпревар.

IMG 7008

Танцот беше неверојатен приказ на талент и креативност, бидејќи професионалните и аматерски танчери излегоа на сцената, оживувајќи различни жанрови, вклучувајќи хип-хоп, и современи танци, сѐ со цел да го затворат овогодинишното Европско првенство во танци.

IMG 7009

Огромниот број на учесници, заедно со нивната непоколеблива страст, дефинитивно ги поместија границите на уметничкото изразување.

Напишете коментар

Back to top button
close