МАКЕДОНИЈА

СРЕЌНИ И ВЕСЕЛИ ЛИЦА: Повеќе од 3000 учеснички ја истрчаа единаесеттата Авицена Женска трка

Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол -Авицена Женска трка, денеска го одржа своето 11то издание со над 3000 учеснички, што е нов рекорд на натпреварувачки.

Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно.

IMG 20230409 095410

„Со денешната 11та Авицена Женска трка, со поставен рекорд од 3000 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број  натпреварувачки. Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат учество на трките во наредниот период, а секако ги чекаме и наредната година на 12тото издание на Авицена Женска трка.“, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Стартот и целта на 3 километарската трка беа на булеварот „Илинден“ кај фонтаната Лотос.

Победничка на овогодинешното издание на Авицена Женска трка беше Биљана Кираџиева за 10 минути и 56 секунди, второто место ѝ припадна на Рената Соколовска за 11 минути и 20 секунди, додека пиедесталот го дополни Фросина Михајловска за време од 11 минути и 30 секунди.

IMG 20230409 101115

Стартот на трката го означи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, додека наградите ги додеја градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров.

Доделени беа и признанија за најбрзите во 7 возрасни категории. По доделувањето на наградите следуваше лотарија со извлекување на стартни броеви и најсреќните се здобија со подароци од партнерите на трката.

Авицена Женска трка и оваа година покажа дека се зголемува спортската култура кај женската популација и дека со добра организација секој може да води здрав живот.

Напишете коментар

Back to top button
close