МАКЕДОНИЈА

Skopje Tattoo Show 2023: Македонците покажаа колку ја сакаат тату уметноста

Видендов се одржа првата интернационална конвенција за тетовирање во Скопје. Првото „ Skopje Tattoo Show 2023“ помина во најдобро светло и покажа колку нашите посетители се заинтересирани за тату индустријата.

DSC 8636

На „Skopje Tattoo Show 2023“ присуствуваа над 50 интернационални и балкански артисти кои ја покажаа уметноста со бои во различни техники и стилови. Натпреварувачите се натпреваруваа во повеќе категории и во двата дена беа прогласени победниците во соодветните категории. Победници од првиот ден беа: Дамјан Клинчаров најдобар во категоријата мала тетоважа, најдобар во заздравена тетоважа беше Срѓан Цетник и најдобра за првиот ден беше Јоана Фаферко. Вториот ден се доделија награди за најдобра црно-бела тетоважа која замина кај Зоран Трајковски, најдобар во колор тетоважа беше Никола Стефановиќ, најдобар на денот беше Дамјан Клинчаров и наградата за најдобра тетоважа на конвенцијата ја доби Влатко Здравков.

DSC 8598

За загревање на атмосферата се погрижија музичките уметници како бендот Shugarfree, DJ Goce и DJ Strajk, но и многу други. Свое предавање имаше и м-р Ивана Хаџиманова, психотерапевт со долгогодишно искуство во областа на менталното здравје на темата „Под површината: Психологијата и подлабокото значење на телесната уметност “, додека нашиот познат уметник Михаил Курбин имаше своја изложба.

DSC 9355

Првата „Skopje Tattoo Show 2023“ конвенција послужи како платформа за поврзување на заедницата за тетовирање и да изгради трајни врски помеѓу учесниците. „Skopje Tattoo Show 2023“ беше и од хуманитарен карактер, каде средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани на децата кои им е најпотребно.

DSC 9452

Напишете коментар

Back to top button
close