Земјотрес вечерва ја погоди Македонија, а потресот беше почувствуван во повеќе градови низ земјава.
Според првичните информации, земјотресот бил регистриран и во Косово и Албанија, што укажува дека станува збор за пошироко почувствуван сеизмички настан во регионот.

Епицентарот на земјотресот на осум километри од градот Призрен на Косово и на 15 километри северо-западно од Општина Теарце. Јачината на земјотресот изнесувала 4,6 степени според Рихтеровата скала и 5km длабочина по локално време во 22:05 часот.
Засега нема пријави за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби ја следат состојбата и се очекуваат дополнителни информации доколку има нови детали.





