МАКЕДОНИЈА

Силен раст на продажбата во сите области и на сите пазари

Раст на сите бизнис и дистрибутивни области; цените на сировините, амбалажниот материјал, енергенсите и логистичките услуги и понатаму се значително високи

Атлантик Група во првите шест месеци од 2023 година забележа приход од продажба во износ од 459,7 милиони евра, што во однос на истиот период од минатата година претставува раст од 15,8%. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) остана на нивото на првото полугодие од минатата година и изнесува 44,4 милиони евра, додека нето добивката е помалa за 5,5% и изнесува 20,9 милиони евра.

„Во првото полугодие на 2023 Атлантик Група оствари голем раст на продажбата во сите бизнис и дистрибутивни области, како и на сите важни пазари. Наведениот раст во голема мера компензираше за негативното влијание и високите цени на сировините и амбалажниот материјал, логистичките и другите услуги и енергенси. Освен тоа, на благиот пад на профитабилноста влијаеше и значајниот раст на трошоците за персоналот, што е последица на зголемувањето на платите во текот на изминатата година. Посебно сме задоволни со зајакнувањето на дистрибутивните темели преку проширување на принципалската мрежа во Словенија, како и со отворањето на модерниот деловен центар во Северна Македонија, перспективниот раст во категоријата Кафе на пазарот Србија и резултатите од лансирањето на нови производи“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Гранд, Емил Тедески.

Слатко и солено, Пијалоци и Донат го предводат растот

Најголем раст од 32,2% е остварен во стратешката бизнис област (СБО) Слатко и солено, чии водечки брендови се Смоки и Најлепше Жеље, и тоа под влијание на оптимизација на асортиманот, зголемени маркетиншки активности и успешното лансирање на нови производи.  Потоа следува СБО Пијалаци со носечкиот бренд Цедевита и раст од 20,0%, исто така со успешното лансирање на новата Цедевита витаминска вода, како и Бизнис областа (БО) Донат со раст од 15,7%. Помеѓу дистрибутивните области предничи Хрватска со раст од 19,8%, Србија со раст од 19,1% и Северна Македонија со раст од 18%.

Atlantic Grupa distributivni centar u Simanovcima

Во вкупната продажба на Атлантик Група, принципалските брендови учествуваат со 27,5%, медицинскиот ланец Фармација прави 9,2% од вкупниот раст, додека сопствените брендови сочинуваат 63,3% од вкупната продажба. Кафе со удел 20,4% вкупен приход од продажба се истакнува како најголема поединечна категорија.

Отворен нов логистичко дистрибутивен центар во Скопје, а ЛДЦ во Загреб со прва соларна електрана

Во првата половина од оваа година Атлантик Група заедно со Група Подравка договори соработка која дава одлични резултати, а подразбира дека Атлантик Група ќе биде дистрибутер на производите на Подравка на австрискиот пазар, со истовремена дистрибуција на производите на Атлантик Група од страна на Подравка на пазарот во САД. Во Словенија е остварен значаен исчекор во развојот на деловната соработка со новиот принципал Халеон (Сенсодајн, Корега, Пародонтакс, Аквафреш), додека во Скопје долгорочниот развој беше обележан со 12-милиони вредната инвестиција во новоотворениот логистичко-дистрибутивен центар. Во мај месец, Атлантик Група ја предаде обврзувачката понуда за купување на Штраус Адриатика, компанија од српскиот пазар, позната по брендовите Донкафе и Ц Кафе, а заклучувањето на трансакцијата е подложено на претходно одобрување од страна на Комисијата за заштита од конкуренција во Република Србија. На хрватскиот пазар започна производството на зелена енергија со отворањето на првата сончева фотонапонска електрана на централниот -дистрибутивен центар Загреб, каде што емисиите на јаглерод диоксид отсега ќе се намалат за 3.250 тона годишно.

Од важните корпоративни настани вреди да се истакне изборот на досегашниот член на Надзорниот одбор, Зоран Вучиниќ, за нов претседател на Надзорниот одбор. Исто така, по одлука на Главното собрание во јуни, овој месец јули на акционерите во Атлантик Група им беше исплатена дивиденда во износ од едно евро по акција, односно вкупен износ од 13,3 милиони евра.

Напишете коментар

Back to top button
close