МАКЕДОНИЈА

Првиот “Фестивал на инклузија” како платформа за културно и уметничко славење на животот

Здружение за афирмација на правата на лицата со попреченост – Икуалити го организира првиот фестивал на инклузија и уметност, кој ќе се одржи во понеделник, 24 октомври, во „Тренд Гастро Бар“ во општина Аеродром.

Programa Festival na inkluzija 1

Фестивалот има за цел да внесе нова културно-уметничката содржина на Скопје и да ја запознае публиката со креативноста и уметноста на лицата со попреченост, а на сите заинтересирани изведувачи и излагачи да им обезбеди платформа  каде што ќе можат да ја претстават својата креативност во сите уметнички форми: од уметност и музика до перформанс и применета уметност.

Основната цел на оваа манифестација е социјална интеграција на лицата со попреченост преку промоција на нивните можности, како и намалување на општествениот јаз и одржување кохезија.

Програмата на фестивалот започнува во 12 часот со „Интеграциска работилница за креативно изразување за лица со и без попреченост“. Работилницата ќе трае 3 часа, а од  16 часот започнува „Работилница за развивање на комуникациски вештини низ дружење со лица со оштетен вид и слух“.

За сите љубители на забава и убава енергија,  од 19 до 20 часот ќе има инклузивна танцова претстава – „Рефлексија“ во изведба на „Еурека“ студиото за танц. Веднаш после претставата, започнува музичката програма поддржана од страна на пијанистката Ема Ананиевска, а потоа следува настап на инклузивниот хор „Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“.

Поддршка на овој прв и единствен „Фестивал на инклузија“ ќе даде Игор Џамбазов и уште многу музички ѕвезди.

„Фестивалот на инклузија“ има желба да прерасне во традиција преку промовирање на еден од начините за создавање инклузивна атмосфера и учество во креирањето на инклузивна културна политика на нашата заедница, во потрагата по нови стратегии за инклузија и интеграција на различни маргинални групи деца и млади.

Напишете коментар

Back to top button
close