МАКЕДОНИЈА

Пиволенд 2022 – многу пиво, насмеани лица, вкусна храна и желба за нов Пиволенд 2023

Скопје насмеано и среќно, какво што во последните години го немавме видено. Изминативе пет дена градот циркулираше во ритамот на добрата музика, многу пиво, вкусната храна и желбата за нов Пиволенд 2023. Скопјани испратија силна порака дека го сакаат Пиволенд и дека овој фестивал му недостасуваше на главниот град.

pivolend 2022 4

Голем број на посетители уживаа во музичката програма на двете сцени поставени на Плоштад Македонија, која започна во саботата (02.09.2022) со музички настан на Dj Mats на Main Stage-от и настап на македонската млада и талентирана пејачка Лара Иванова на Craft сцената, а заврши вчера (07.09.2022) со спектакуларен настап на македонската рок група Архангел.

Пиволенд 2022 ја оствари целта за промоција и поддршка на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на македонски музички артисти пред публиката и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

АРЕА, ДНК, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Фолтин, Бени и НОН СТОП, ФИЦ „Студени нозе“, Принц, Баклава и многу други македонски музички артисти беа дел од 5-дневната пивска приказна во градот.

Скопје пет дена комуницираше љубов. Музиката спојува. Таа ти испраќа позитивни вибрации кои те терааат да заиграш и запееш, секогаш знае да те насмее и да наздравиш со пиво.

Музиката е љубов, а љубовта е Пиволенд.

Организаторите на овогодинешниот Пиволенд испратија порака до скопјани и македонската јавност – се гледаме на Пиволенд 2023. На здравје!

Дел од атмосферата на годинешниот Пиволенд може да погледнете на следните линкови:

Линк 1: https://www.facebook.com/PivolendSK/videos/557999312750940

Линк 2: https://www.facebook.com/PivolendSK/videos/491802882328309

 

 

Напишете коментар

Back to top button
close