МАКЕДОНИЈА

Од денеска започна зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 26. октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот, тоа значи дека денот денеска ќе биде еден час подолг.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година.

зимско сметање на времето

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку предности.

Азија и многу африкански земји не ги поместуваат часовниците. На пример, Турција, Русија, Сирија, дел од Мексико, Хаваи, Аризона, Порторико и други. Овие практики се шират.

Напишете коментар

Back to top button
close