МАКЕДОНИЈА

Нови 30 милиони евра од ЕУ за проекти за прекугранична соработка со Бугарија

Програмата за прекугранична соработка е најдобриот начин да се совладаат не баш лесните процедури на Европската Унија, да се соработува со соседните земји единствено во интерес на граѓаните и да се реализираат проекти кои што го менуваат квалитетот на живеење, рече министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов по првиот состанок на Комитетот за мониторинг на “ИПА Програмата МК-БГ 2021-2027” во Струмица.

A4A14662 7DE8 4280 9C40 3C9E8DCCD438 2513 00000238E1EC0F06

– Во изминатите два проектни циклуси Програмата со Бугарија има најдобри резултати, со 100% искористеност на средствата од Европската Унија, а денеска официјално отпочнува новиот ИПА 3 програмски период во спроведувањето на Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Министерот за локална самоуправа нагласи дека во спроведувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка, заедно, во двете држави, во двата програмски периоди се реализирани 178 проекти во вкупна вредност од скоро 40 милиони евра, или по 20 милиони за секој програмски период, а 100 проекти се реализирани во првиот програмски период и 78 во вториот.

– Изградени се детски градинки, како во општина Василево. Многу училишта и детски градинки се реновирани и опремени. Многу јавни установи се целосно обновени со вградување на стандарди за енергетска ефикасност, како што е мултикултурниот центар во Кочани. Набавена е опрема за здравствените установи. Во новиот, третиот програмски период, на располагање стојат уште поголеми средства, над 30 милиони евра. Од нас зависи колку ќе апсорбираме и какви проекти ќе имплементираме, рече Пенов.

624D032A CA2A 4615 9903 469D7D5A8931 2513 0000023908CFDBBE

Еден од веќе предвидените проекти е граничниот премин Берово-Струмјани кој што долго време чека да биде ставен во функција. Обезбедени се 9 милиони евра, а проектот ќе го спроведуваат Регионалната управа на Благоевград и Царинската управа на Република Северна Македонија.

Најголемиот дел од средствата, 15,5 милиони евра се наменети за финансирање проекти за интегриран развој. Ќе се финансира главно проширување на економската активност на мали и средни претпријатија, како и изработка на туристички производи, а 5 милиони евра се наменети за зелен регион и за управување со води.

На состанокот на Комитетот за мониторинг беа присутни градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, проектната менаџерка на Европската Комисија Габи Хагмулер како и копретседавачите, замениците министри за локална самоуправа од Бугарија и од Северна Македонија, Десислава Георгиевска и Зоран Димитровски.

Напишете коментар

Back to top button
close