Малопродажните цени на бензините се намалуваат за два денари, а цената на дизелот останува иста, одлучила денеска Регулаторната комисија.
Ова го соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на денешната прес конференција.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Цената на дизелот останува иста и тој ќе се продава за 101,5 денари за литар.