МАКЕДОНИЈА

Македонското здружение по урологија вчера одржа планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”

Македонското здружение по урологија на вчерашниот ден 03.11.2024 со почеток во 10h, одржа планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”. “Мовембер” претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел подигање на свеста за некои специфични заболувања кај мажите (ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје).

Мовембер

Маршот се одржа од ОУ “Кочо Рацин” до Средно Водно.

„На маршот зедоа учевство значителен број на граѓани, доктори, пациенти и др. Посебна чест ни направи присуството на Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик проф. д-р Живко Попов.

Во склоп на овогодишната кампања ќе се одржат повеќе активности“ – изјавија од здружението

Напишете коментар

Back to top button
close