МАКЕДОНИЈА

Македонија доби нов фудбалски клуб – отворени уписите во „ФК Карпош“ за новата сезона

Расте интересот за спорт, особено за фудбал во Македонија, а доказ за тоа е и отворањето на најновиот фудбалски клуб „ФК Карпош“ во Скопје чиј менаџмент најавува високи стандарди, одлични терени и значително подобрување на условите во кои децата тренираат.

ФК Карпош

Фудбалскиот клуб Карпош од минатата недела (19 август) и официјално ги отвори уписите за сите дечиња од генерации 2011 до 2019 година. На малите шампиони од клубот им ветуваат 3 тренинзи неделно со лиценцирани тренери, учество на турнири и учество во детската лига на ФФМ, а за добредојде имаат и подарок – две спортски маички за тренинг.

Тренинзите на ФК Карпош моментално се одржуваат на спортскиот терен во средното училиште „Георги Димитров“ во централното градско подрачје на главниот град, на територија на општина Карпош, но од фудбалскиот клуб најавуваат дека многу наскоро во текот на натпреварувачката сезона, тренинзите ќе ги префрлат на своите нови два терени кои се подготвуваат според сите светски стандарди за спорт, едниот помал со вештачка трева, додека другиот голем и со природна трева.

upisi fkkarpos

– Ги отворивме уписите и можам да кажам дека интересот за тренинзи во нашиот фудбалски клуб секојдневно расте. После 10 години работа како фудбалски тренер, одлучив да отворан нов клуб и да започнам сосема нова фудбалска приказна во Скопје со која значително ќе ги подобриме условите за работа во фудбалот и најважно, децата да работат во подобри услови и на подобри терени со што дополнително ќе се зголеми нивната мотивација за спортување, вели основачот и тренер Дарко Пешевски.

maicki fk karpos

Уписи и детални информации заинтересираните може да добијат на телефонскиот број 071 304 335 или да се обратат кај лиценцираниот фудбалски тренер Дарко Пешевски.

Back to top button
close