МАКЕДОНИЈА

Исплатата на средствата за ДДВ за тримесечјето април-јуни ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август, информираа од УЈП

– Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата.

За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година, велат од УЈП.

Мој ДДВ

Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот.

Истиот беше изгласан на 12. август, по што следуваа и реакции на граѓаните за доцнењето на исплатата.

Напишете коментар

Back to top button
close