МАКЕДОНИЈА

Интервју со Филип Велковски – талентиран, успешен и наградуван средношколец

После две годни повторно разговараме со талентираниот Филип Велковски. Поводот тогаш беше самостоен рецитал во втора година средно кое што беше за… восхит или пофалба, сега разговараме со друг повод.

После две години од рециталот, Филип е прогласен за најдобар ученик во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј заедно со уште две деца каде што фондацијата Луј доделува плакета и еднократна финансиска помош за најуспешните Лујовци.

Filip Velkovski nagrada Luj

Што се случуваше после твојот рецитал во 2022?

– Ви благодарам на уакажаната чест за ова интервју. Таа година со помош на Полихимнија свирев во Форли – Италија. После тоа се редеа бројни натпревари и настапи.

На 06.12.2022 година бев поканет од главниот организатор на фестивалот во Тускиа – Флоре во Италија со уште седум светски уметници каде што јас бев најмал (17 години) да учествуваме на отварање на фестивалот.

Filip Velkovski

Во 2023 година многу натпревари, концерти, патувања, кажи ни нешто околу настапувањата во странство?

– Оваа година беше посебна, во јуни месец бев во Будимпешта каде што со моја сооученичка учествувавме на ЈМ internacional со проект за хуманитарен концерт. Во јули бев повикан во Луксембург каде што свирев во оркестар и свирев на бас кларинет. Во август со Полихмнија бев во Рим каде што свирев во Teatro di Marcello. Ова би го издвоил од познацајните патувања и настапи. После вакви настапи и натпревари – заслужено наградата Луј. За оваа награда се пријавуваат деца кои имаат достигнувања во однос на школувањето, јас сум континуирано одличен ученик и имам многу настапи и многу мастеркласи. Имам 18 интернационални натпревари,12 државни и многу настапи…

Фондацијата „Луј“ награди тројца успешни ученици

Што понатака?

– Се уште не сум одлучил околу понатамошното школување. Јас сакам да си останам во нашата Македонија, имам можност во Бугарија, сепак мислам дека кај нас има многу квалитетни професори од кои што можам да продолжам да се усовршувам на кларинетот.
Крајно сум благопдарен на моето семејство за огромната подршка што ми ја даваат.
Голема благодарност до професорот Никола Јованов, до професорката Билјана Петровска со кои што сум 10 години заедно.
Сакам да се заблагодарам на укажаната доверба за наградата Луј на директорката Даница Стојанова и на фондацијата Луј.
Благодарност и до Полихимнија за многуте настапи во странство. Ќе продолжам со многу вежбање за да можам и понатака да ја оправдам довербата.

Filip Velkovski so familijata

Како ги поминуваш Новогодишните и Божиќните празници?

– Овие денови бев учесник во бадниковата поворка. Мислам дека ние младите треба да го почитуваме и јакнеме православието и христијанството. Со вакви поворки ги поттикнуваме луѓето на радост и среќа… За многу години празниците!

Напишете коментар

Back to top button
close