Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје им доделија награди на најуспешните спортисти за 2022 година во сениорска категорија, во младинска категорија, за најуспешен тренер, за најуспешна спортска екипа од Скопје, за најуспешен спортист во категорија на лица со инвалидност и најуспешен спортист- странец кој настапува за екипа од Скопје.
Во сениорска категорија најуспешни 10 спортисти кај мажи и жени, првото место го делат Бобан Илиоски од кик бокс клубот Шампион и Дејан Георгиевски од таеквондо клубот Бутел, потоа следуваат Филип Додевски од таеквондо клубот Бутел, Викторија Варадинова од кик бокс клубот Шампион, Петар Спасеновски и Ангела Мојсовска од карате клубот Макпетрол, Мери Акиевска од фитнес и аеробик клуб Магнус, Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова од маратон клубот Делта и Вероника Костовска од карате клубот Олимпик 2007.
Награди за 10 најуспешни млади спортисти во младинска машка и женска категорија добија Стефан Стојановиќ, Витомир Трајковски и Марија Петровска од карате клуб Макпетрол, Омер Мемеди и Бесир Алили од боречкиот клуб Лирија 2010, Нелсон Узеир од кик бокс клубот Шампион, Калин Ивановски од тенискиот клуб Југ, Дарко Георгиевски од таеквондо клубот Бутел, Магдалена Станковска од триатлон клубот Триоги Рејсинг и Александра Симева од тенискиот клуб МТП.
Наградата за најуспешен тренер отиде во рацете на Дејан Митровски од кик бокс клубот Шампион, додека наградата за најуспешна екипа ја освои карате клубот Макпетрол.
Во категоријата за најуспешен спортист- странец кој настапува во екипа од Скопје наградата ја доби Сандеј Адетунџи од фудблскиот клуб Шкупи АД Скопје. На Андреј Стојановски од „Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода“ му ја доделија наградата за најуспешен спортист во категорија на лица со инвалидност.
Од Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје им честитаат на сите добитници на наградите и им посакуваат уште поголеми успеси на сите.