Пред неполн час изби пожар во Универзална сала во Скопје, која се реконструира. Црн чад и голем оган се шират низ објектот. Екипи на противпожарната бригада се на терен и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.

Универзална сала почна да се реновира пред еден месец, а надлежно за реконструкција е Министерството за култура. Сѐ уште нема информации што е причината за пожарот.

Новата купола беше ставена пред 10 дена и тогаш беше најавено дека таа ќе свети ноќе.
 
				 
					




